Дома Фудбал Англија Покетино призна: Ериксен може да си замине!

Покетино призна: Ериксен може да си замине!

Иднината на Кристиан Ериксен во Тотенхем е неизвесна, а денес и менаџерот Маурисио Покетино јавно го призна тоа.

Двете страни не можат да се договорат за продолжување на соработката, иако Тотенхем му нуди двојно поголема плата на данскиот плејмејкер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Договорот на Ериксен со Тотенхем истекува во јуни 2020 година, а силен интерес за него покажуваат Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ.

Доколку двете страни не постигнат договор Ериксен на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Тотенхем ќе биде приморан да го продаде.

„Ериксен е среќен со нас и досега секогаш покажувал професионалност, но тоа што се случува меѓу него и клубот не е во наши раце. Обично се вели дека тоа што нема нови информации е добро, но во овој случај мислам дека не е така. Фудбалот е динамичен, различни страни имаат интерес, и многу фактори се во игра“, истакна Покетино.

„Секако, Ериксен е од голема важност за нас и секако дека би сакале да имаме играч од ваков калибар во нашиот тим. Ќе биде фантастично доколку тој остане верен, но има право да ја избере и другата опција и да замине“, призна менаџерот на „спарси“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…