Дома Фудбал Англија Покетино: Победа над Челзи ќе биде добро за целата Премиер лига!

Покетино: Победа над Челзи ќе биде добро за целата Премиер лига!

Маурисио Покетино смета дека неговиот Тотенхем е нешто слично како Лестер претходната сезона и дека сите „неурални“ љубители на фудбалот ќе навиваат за нив.

Тотенхем во среда на свој терен го дочекува лидерот Челзи, а Покетино тврди дека „за Премиер лигата е важно неговиот тим да го победи Челзи“.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Челзи е лидер на табелата со 6 бода пред Ливерпул, но и феноменална низа од 13 победи во низа.

„Челзи е во феноменална форма, но и ние ја пронајдофме вистинската форма во последните натпревари. Тоа ќе биде многу тежок натпревар, но мислам дека имаме одлична прилика за ги запреме и да го намалиме заостанувањето. Важно е за Премиер лигата ние да победиме на тој натпревар. Нашата цел е сезоната да ја завршиме меѓу четирите најдобри тима“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aморим е на чекор да сруши рекорд на Сер Алекс Фергуон, но нема да се прослави

Веќе во првата сезона на клупата на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим е дојден на чекор од …