Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино: Ако го немаше Меси сите ќе имавме еднакви шанси

Покетино: Ако го немаше Меси сите ќе имавме еднакви шанси

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино пред првиот полуфинален натпревар против Ајакс кој го играат вечерва на домашен тересн зборуваше за можностите и капацитетот на неговиот тим да изненади во Лигата на шампионите.

Покетино порача дека според него секогаш е фаворит тимот кој во своите редови го има Лионел Меси и дека доколку него би го немало тогаш сите би имале подеднакви шанси.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Лично навистина мислам дека тимот кој го има Лионел Меси во своите редови е фаворит. Значи, тоа е Барселона. Доколку него го немаше тогаш сите ќе имавме еднакви шанси“, изјави Покетино, а потоа и го објасни своето мислење:

„Лео е најдобриот во светот, мотивиран е да се бори и да ја освои Лигата на шампионите. Зад себе има долги години фудбал на највисоко ниво и изгледа како да може да игра таков фудбал се додека тој сака“, објасни стратегот на Тотенхем.

Тотенхем и Ајакс оваа сезона се најголемите изненадувања во Лигата на шампионите, а ждрепката сакаше и еден од нив да игра финале. Во второто полуфинале кое на распоредот е утре ќе се сретнат Барселона и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер сити ја одреди цената за Грилиш!

Манчестер Сити ја игра најлошата сезона откако пред девет години Пеп Гвардиола ја презеде …