Францускиот судија Клемен Турпин ќе дели правда во полуфиналниот бараж во кој Македонија ќе игра против Италија во Палермо.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Турпин го судеше минатогодишното финале во Лигата на Европа помеѓу Виљареал и Манчестер Јунајтед, а сега ќе биде главен во важниот натпревар на Македонија до патот во Катар. Помошници на Трупин ќе бидат Николас Дано и Сирил Грингор, четврти судија ќе биде Беноа Бастиен.




Овој судија три пати и судел на Италија и Италијанците во трите натпревари со негова арбитража забележале три победи без примен гол (Италија – Полска 2:0 Лига на Нации, Италија – Уруугвај 3:0, пријателска 2017, Италија Шведска 1:0, ЕП 2016).