Артуро Видал и официјално пристигнува на култната „Маракана“.
Видал го напушти Интер и сега е пред потпис со бразилски Фламенго. Чилеанецот го напушти Интер на една година пред истекот на договорот и „нероаѕурите“ од неговото заминување ќе добијат четири милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се поврзуваше Видал и со Бока Јуниорс, но од тоа не излезе ништо. Ја прифати понудата од Фламенго каде што ќе заработи 3.7 милиони долари за година ипол. Навивачите на Фламенго го го дочекаа со овации и се очекува да биде големо засилување.
Во минатото Видал играше за Коло Коло, Баер Леверкузен, Баерн и Јувентус. За репрезентацијата на Чиле одигра 133 натпревари и постигна 32 гола.