Дома Фудбал Останато Познат белгиски клуб банкротираше поради коронавирусот

Познат белгиски клуб банкротираше поради коронавирусот

Фудбалските клубови ширум светот се соочија со потешкотии во функционирањето од моментот кога натпреварувањата се стопирани поради пандемијата на коронавирус, па се стопираа и приходите.

Поради ваквата ситуација белгискиот клуб Локерен беше принуден да прогласи банкрот по 97 години постоење.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Причина на банкротот е долг од пет милиони евра, а Локерен не успеа на време да ги пријави тие пари, па поради тоа згасна.

„За жал, не успеавме да најдеме инвеститор во дадениот рок, иако имавме бројни обиди“, рече Де Врис, претседател на двократниот освојувач на белгискиот Куп.

Локерен е основан во 1923 година, неколку пати играл и во европските купови, а во 2019 година испадна од елитната белгиска лига. Во Локерен имаат настапувано нашите интернационалци, Ертан Демири ,Горан Мазнов, Бобан Јанчевски и Бесарт Абдурахими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тајгер Вудс пуштен од затвор, се огласи и Доналд Трамп

Познатиот голфер Тајгер Вудс е пуштен на слобода откако помина осум часа зад решетки порад…