Финалето во Лигата на шампионите за сезоната 2017/2018 е закажано за 26 мај во Киев, а за трофејот ќе се борат Реал Мадрид и Ливерпул.
Реал Мадрид трет пат во низа се избори за пласман во финалето од Лигата на шампионите каде што оваа година ќе игра против Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата полуфинални натпревари ги обележија бројни судиски одлуки за кои по натпреварите се водеше многу полемика. Вториот полуфинален натпревар помеѓу Реал и Баерн го судеше Турчинот Чунејт Чакир, а многумина сметаат дека донел повеќе сомнителни одлуки на штета на Баерн.
Најмногу полемики имаше околу ситуација во која Марсело играше со рака во својот шеснаесетник. Чакир во таа ситуација не се огласи, а по натпреварот и самиот Бразилец потврди дека топката го погодила во рака.
Поради сето ова зборовите на претседателот на судискиот комитет на Турција, Јусуф Намоглу дека Чакир би требало да ја дели правдата во финалето на навивачите на Ливерпул сигурно не им се допаднаа.
„Членовите на УЕФА комитетот се задоволни од неговиот настап. Се надевам дека ќе биде еден од судиите на Мундијалот во Русија. Во полуфиналето од Лигата на шампионите одработи голема работа и беше многу добар. Инфантино и Колина му веруваат, па поради тоа сметам дека токму тој би можел да го суди финалето“, изјави Намоглу.