Поради повреда која ја заработи на вчерашниот тренинг, Кристијан Нкунку ќе го пропушти Светското првенство кое стартува в недела во Катар.
Дидие Дшеам беше приморан да повика замена за напаѓачот на Лајпциг. Нкунку се повреди после стартот од Едуардо Камвинга. Нкунку сезонава постигна 17 голови и подели четири асистенции во Лајпциг, се очекуваше да добие шанса и во Катар, сепак тоа нема да се случи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На местото на Нкунку селекторот Дешам го повика напаѓачот на Ајнтрахт Рендал Коло Муани. Сезонава 23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт постигна осум гола и забележа 11 асистенции, па сега доби награда за неговата добра форма.
Франција е една од селекциите со најмногу проблеми со повреди затоа што претходно отпадна Кимпебе, а од поодамна е познато дека Канте и Погба не можат да помогнат.