Дома Фудбал Познато кој играч на Барселона е позитивен на коронавирус

Познато кој играч на Барселона е позитивен на коронавирус

Барселона денеска потврди дека еден од играчите на овој тим е позитивен на коронавирус.

Каталонскиот клуб во петок го очекува натпреварот од четвртфиналето во ЛШ против Баерн, а за среќа натпреварот не е загрозен бидејќи се работи за фудбалер кој не бил во можност за настап.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, од клубот не открија за кој играч се работи, туку само порачаа дека тој не бил во контакт со фудбалери од првиот тим што сигурно е најважно пред натпреварот против Баерн.

Неколку часа покасно дефанзивецот на Барселона, Тодибо, призна дека тој е играчот кој бил позитивен на тестирањето. Тодибо нема никакви симптоми и се наоѓа во изолација.

Тој не тренирал со Барселона бидејќи во вториот дел од сезоната беше на позајмица во Шалке и нема право на настап за Каталонците до крајот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го отпиша најскапиот фудбалер во историјата на клубот

Дарвин Нуњез дојде во Ливерпул од Бенфика летото 2022 година за отштета од 85 милиони евра…