Кристиан Ериксен е најплатениот фудбалер на Интер, но во моментов клубот не го плаќа.




На Ериксен се уште не му е дозволено да се врати на терен после срцевиот удар кој го имаше на ЕП. Тој има плата од 7,5 милиони евра, која ја обезбедува ФИФА преку програма за заштите на клубовите.




Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Сите клубови чии фудбалери кои ќе се повредат за време натпревар организиран од УЕФА или ФИФА, што ќе ги извади од терените повеќе од 28 дена, ќе бидат обештетени сразмерно приходите кои ги имаат фудбалерите.




Тоа значи дека ФИФА ќе ја плаќа платата на Ериксен, кој доживеа срцев удар за време на Европското првенство.




Данецот се уште нема дозвола за игра и не е познато дали ќе продолжи со професионално играње на фудбал.