Дома Фудбал Останато Познато колкава плата му нуди ПСЖ на Мбапе со новиот договор

Познато колкава плата му нуди ПСЖ на Мбапе со новиот договор

Пари Сент Жермен сака долгорочно да го задржи Килијан Мбапе во своите редови и му нуди нов договор со астрономска плата.

Мбапе минатата сезона беше одличен во дресот на ПСЖ, па на 43 меча постигна 39 гола, од кои 33 беа во француското првенство поради што ја доби наградата за најдобар стрелец во Лига 1, а урна и многу рекорди.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Меѓутоа, младиот Французин е на мета на Реал Мадрид, кој е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

И самиот Мбапе е поласкан од идејата да игра за еден од најголемите клубови во светот, па ПСЖ мораше брзо да реагира. Управата на „светците“ му понуди нов договор со значително зголемување на платата.

Имено, ПСЖ му нуди 5-годишен договор со плата од 30 милиони евра по сезона плус бонуси со кои платата може да достигне до 40 милиони евра.

Сега се чека одлука на Мбапе, дали ќе стави потпис на овој договор или сепак ќе чека Реал Мадрид да испрати понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Teжок удар за Флик: Дефанзивецот го чека пауза од четири месеци!

Барселона се соочи со нова сериозна криза пред продолжението на сезоната, откако данскиот …