Дивок Ориги постигна комплетен договор со Милан, а сега е познато кога ќе стави потпис на договорот со „росонерите“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека веднаш после финалето во ЛШ, напаѓачот ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Ориги ќе стави потпис на 4-годишен договор и ќе заработува 4 милиони евра по сезона, а на „Сан Сиро“ доаѓа како слободен агент.
„Росонерите“ се во потрага по напаѓач за следната сезона, а тренерот Пиоли дал зелено светло за ангажман на Белгиецот.
Меѓутоа, Белгиецот нема да биде замена за Ибрахимовиќ и Милан има план да донесе уште еден врвен напаѓач ова лето.
#Milan, c’è la data della firma di #Origi: i dettagli del contratto e quel retroscena… https://t.co/EUvhtdKVfP pic.twitter.com/XuBh2PRBbi
— calciomercato.com (@cmdotcom) May 10, 2022