Вечерва завршија квалификациите за Светското првенство во Катар и познати се сите учесници во баражот.
12-те репрезентации ќе бидат поделени во три групи и ќе се игра по систем на елиминации, односно со ждрепка ќе бидат одредени полуфиналните двојки, а победниците од тие дуели во меѓусебна пресметка ќе го одредат патникот на СП.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс се можните противници на Македонија во полуфиналето од баражот.
Меѓу неносители покрај Македонија се наоѓаат уште и селекциите на Турција, Полска, Украина, Чешка и Австрија.
Баражите се играат во март идната година, а ждрепката е на 26 ноември.
Фото: ФФМ