Алекс Мекалистер ќе биде нов играч на Ливерпул и во тоа нема никакви дилеми.
Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо објави дека „црвените“ ја активирале откупната клазула за играчот на Брајтон за околу 70 милиони евра. Светскиот шампион со Аргентина ќе потпише договор до 2028 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наскоро Мекалистер ќе ги помине медицинските прегледи по што ќе следи и промоцијата во тимот на Клоп.
Во изминатите неколку сезони Мекалистер играше одлично за Брајтон, па така стигна до повик и во аргентинската репрезентација. За Брајтон во изминатата сезона одигра 39 натпревари и постигна 12 голови.
Мекалистер е фудбалер кој освен што игра во средниот ред може да се користи и на крилната позиција.
After Alexis Mac Allister with medical booked this week, Liverpool will focus on more targets to rebuild the midfield. 🚨🔴 #LFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 5, 2023
Conversations took place with agents of Manu Koné and Kephren Thuram. Gabri Veiga, appreciated but no bid or talks advancing yet. Step by step. pic.twitter.com/L0eCBpHOyc