Дома Фудбал Италија Познати детали од повредата на Тео Хернандес

Познати детали од повредата на Тео Хернандес

Левиот бек на Милан, Тео Хернандес поради повреда ја напушти репрезентацијата на Франција.

Французинот денес се врати во Милано каде му беа направени детални лекарски прегледи и беше констатурана мускулна повреда на адукторот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Од Милан потврдија дека Тео веднаш започнал процес на рехабилитација и за следната недела ќе оди на нови прегледи.

Тој сигурно ќе го пропушти првиот меч после паузата против Емполи, а надежите на „росонерите“ се дека ќе биде спремен за мечот со Челзи во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Силва сигурно заминува, а можеби и Родри: Сити за замената мора да плати барем 100.000.000 евра

Манчестер Сити летово повторно ќе доживее важни промени. Капитенот Бернардо Силва заминува…