Челси сака во јануари да го продаде францускиот напаѓач Оливие Жиру за да успее да заработи одредена сума на него бидејќи тој има договор до јуни следната година.
Англиските медиуми пишуваат дека во Челси се свесни дека Французинот не се наоѓа во добра форма, како и дека има 33 години, па решија да го продадат за сума од пет милиони евра, па тоа може да се смета за ниска сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, идните клубови ќе мора да земат во предвид дека и покрај парите за трансфер, ќе треба да му дадат и висока плата.
Засега како заинтересирани се споменуваат Интер на Антонио Конте, како и Ница, Марсеј и Бордо од Франција, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.