Дома Трансфер зона Позната следната дестинација на Мората!

Позната следната дестинација на Мората!

Иднината на Алваро Мората е главна тема во спортските медиуми бидејќи напаѓачот најверојатно ова лето ќе го напушти Реал Мадрид.

Шпанските медиуми веќе ја открија и неговата следна дестинација и со сигурност тврдат дека Мората од следната сезона ќе игра во Премиер лигата во дресот на Челзи.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Мората минатото лето се врати на „Сантиего Бернабеу“ но не успеа да се избори за првотимски статус. Поради тоа е решен да ја промени средината и да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа.

„Дон Балон“ пренесува дека агентот на напаѓачот веќе имал средба со челниците на Челзи и постигнал договор, а неговата девојка веќе барала куќа во Лондон.

Се претпоставува дека Челзи за неговиот потпис ќе му плати на Реал Мадрид околу 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Атлетико тргнува по напаѓачот на Милан

Саму Чуквуедзе минатото лето пристигна како големо засилување за Милан, но до сега не ги о…