Приоритет на Атлетико Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Шпанските медиуми пренесуваат дека прв на листата желби е напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Билд“ пренесува дека „јорганџиите“ го сакале Португалецот уште во зимскиот преоден рок, но Ајнтрахт не сакал да се откаже од својата ѕвезда.
Се очекува на лето Атлетико да понуди 30 милиони евра за потписот на Андре Силва, понуда која ќе го задоволи апетитите на германскиот клуб.
Андре Силва блеска оваа сезона во дресот на Ајнтрахт и веќе има постигнато 18 гола и 5 асистенции, а минатото лето пристигна од Милан во трампа со Анте Ребиќ.