Џејдон Санчо подолго време се поврзува со Манчестер Јунајтед.
Според актуелната ситуација тешко дека Санчо ќе заврши во Јунајтед, но англиските медиуми пишуваат за последна понуда од Јунајтед за англискито фудбалер.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Борусија и Манчестер Јунајтед преговараат навистина подолго време и двата клуба никако да се договорат. „Милионерите“ не сакаат да слушнат за понуда под 100 милиони фунти.
Според информациите, последната понуда од Јунајтед за Санчо гласи: 75 милиони фунти, плус 15 кои би се исплатиле преку разни бонуси во зависност од тоа што ќе го оствари Санчо во клубот.
Сумата на која инсистира Дортмунд наводно е 108 милиони фунти веднаш.