Стивен Џерард доби отказ на клупата на Астон Вила после лошите резултати, пресуден беше натпреварот против Фулам кој неговиот тим го загуби со 4:0, а Џерард од трибините добиваше и разни навреди.
Во Астон Вила веќе се во потрага по новиот стратег и сакаат тоа да биде познато тренерско име. Се споменуваше Томас Тухел, но брзо стигна информација дека Германецот не е заинтересиран за оваа работа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега прва желба е поранешниот стратег на ПСЖ и Тотенхем Маурисио Покетино. Понудата за Покетино била плата од 10 милиони евра по сезоан и 100 милиони евра за преодниот рок во јануари.
Меѓутоа според најавите Покетино ќе почека и нема да брза затоа што негова желба е да води клуб кој игра во Лигата на шампионите.