Дома Фудбал Позната и причината: Дембеле вчера порано го напуштил „Камп Ноу“

Позната и причината: Дембеле вчера порано го напуштил „Камп Ноу“

Барселона вчера ја победи Валенсија со 2:1, а две асистенции запиша Кутињо кој подоцна беше заменет од Осман Дембеле.

Дембеле беше платен 105 милиони евра, но не може да го покаже целиот талент кој го поседува, а кој го покажуваше во Дортмунд кога беше целосно доминантен во нападот. На натпреварот против Валенсија, Дембеле влезе во игра кога се беше готово, но на негова несреќа успеа да направи пенал, кој подоцна го изведе Парејо и така го „повреди“ Дембеле.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Токму поради сопствената грешка, Дембеле го напушти натпреварот пред своите соиграчи и не ги поздрави ниту навивачите, бидејќи не му беше драго поради направениот пенал. Исто така, Марта Карерас од „Каталонија Радио“ објави дека тој ја напуштил соблекувалната пред доаѓањето на соиграчите.

Многумина по социјалните мрежи го разбираат Дембеле и сметаат дека тој мора да ги игра сите 90 минути, бидејќи само така може да ја врати старата форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…