Дома Македонски спорт Мак баскет Позитивен случај на Ковид-19 во КК Работнички!

Позитивен случај на Ковид-19 во КК Работнички!

Коронавирусот прави проблеми и во македонската кошарка.

Позитивен случај на Ковид-19 се појави во најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Работнички требаше да игра пријателски натпревар против Вардар, но тој се одложи откако неколку лица во клубот покажале симптоми на коронавирус, а еден случај бил позитивен.

Позитивен бил тестот на Американецот Демиер Питс.

“Би сакале да ја информираме јавноста дека американскиот плејмејкер Демиер Питс, кој неодамна ја продолжи соработката со КК Работнички е позитивен на вирусот КОВИД -19.Кај Питс е евидентиран позитивен тест, по направените редовни контролни тестирања од страна на раководството на КК Работнички. Тестирани се и останатите играчи, кадешто тестовите се негативни на вирусот КОВИД-19.До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, Американецот Демиер Питс останува во изолација.Почитувајќи ги протоколите за работа и мерките од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, КК Работнички продолжува со редовна работа и одржување на тренизите со останатиот кошаркарски тим, за подготовка на домашните првенства и меѓународни натпреварувања“, стои во клупското соопштение.

Поради ваквата ситуација тестови ќе мора да направаат и тимовите кои играа против Работнички.

Фото: КФСМ

Сезоната во македонската кошарка беше планирано да започне на 3. октомври со натпреварот помеѓу КК Работнички и МЗТ Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Реал прави тандем од соништата Мбапе- Халанд

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ова лето не донесе звучни засилувања, но се…