Дома Македонски спорт Мак фудбал Поднесено барање: Стадионот „Под Тумбе Кафе“ да се вика „Петар Милошевски“

Поднесено барање: Стадионот „Под Тумбе Кафе“ да се вика „Петар Милошевски“

Здружението на граѓани „ФК Пелистер ветерани“ поднесе барања до Советот на Општина Битола стадионот „Под Тумбе Кафе“ да се проименува во „Петар Милошевски“.

Испратеното барање ќе се разгледува во понеделник на 27. декември.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Со вредностите, кариерата и своите човечки и спортски дела, нашиот Петар заслужува култниот стадион каде ги направи првите чекори да го носи неговот име. Како симбол на цела генерација која одбележа една ера во македонскиот фудбал, сметаме дека преименувањето на стадионот е само мал чекор како на младите да им порачаме да го следат неговиот развоен фудбалски пат. Иницијатива за именување на стадионот по нашиот Петар постои индивидуално, меѓу навивачите, по социјалните мрежим но овојпат сакаме како ветерани и пријатели на Петар и неговото семејство да предложиме официјално преименување на стадионот во Битола“, гласи барањето.

Според најавите барањето би требало да биде прифатено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ВМФЛ: Победи на фаворитите, „лавовите“ најубедливи

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 15. коло во Втората лига. …