Дома Фудбал Останато Погребната церемонија за Пеле ќе трае 24 часа

Погребната церемонија за Пеле ќе трае 24 часа

Легендарниот Пеле вчера во болницата „Алберт Ајнштајн“ ја загуби битката со ракот и почина на 82-годишна возраст, а веќе е познато кога ќе се одржи погребната церемонија која ќе трае 24 часа.

Потврдено е дека телото на Пеле ќе биде изложено на стадионот на Сантос „Вила Белмиро“ во 10 часот по локално време во понеделник и таму ќе остане до 10 часот следниот ден. Во тој период навивачите ќе можат да го допрат ковчегот со телото на бразилската легенда и да се простат од него.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што се најавува на настанот ќе присуствуваат поранешни и сегашни спортисти, како и врвот на бразилската држава.

По изнесувањето од стадионот ковчегот ќе помине низ улиците на Сантос до местото каде што ќе биде погребан, во близина на споменикот „Вселенската некропола“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(Видео) Трајков со гол од пола терен ја израдува Македонија против Ерменија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година запиша важна победа против сел…