Ентузијазмот околу Манчестер Јунајтед значително порасна после доаѓањето на Кристиано Роналдо.
Роналдо после 12 години се врати на „Олд Трафорд“ и на своето деби постигна два гола против Њукасл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Друга информација може наскоро дополнително да придонесе за добрата атмосфера во клубот, а станува збор за Пол Погба.
Медиумите на Островот пренесуваат дека Погба сега сериозно размислува да остане на „Олд Трафорд“ и да стави потпис на нов договор.
Французинот влезе во последната година од договорот и до сега ги одби сите понуди од Јунајтед, па се шпекулираше дека сигурно на лето ќе си замине како слободен агент.
„Атлантик“ тврди дека Погба се премислил и веќе има значителен напредок во преговорите за продолжување на соработката.
Манчестер Јунајтед му понудил значително зголемување на платата со што Погба ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот, па во моментов Французинот е поблиску до потпис отколку до заминување од „Олд Трафорд“.