Францускиот репрезентативец Пол Погба донел конечна одлука да не го продолжува договорот со Манчестер Јунајтед, кој истекува следното лето.
Според „РМЦ Спорт“ најсилен интерес за Погба покажува ПСЖ, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент Мино Раиола.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Раиола имал средба со претседателот на „светците“ Насер Ал Келаифи и разговарале за можноста Погба да се пресели во Париз.
Манчестер Јунајтед се обидува да го убеди Погба да го продолжи договорот, бидејчи во спротивно ќе мора да го продаде ова лето
Медиумите на Островот пренесуваат дека Јунајтед ќе бара 80 милиони евра за слободата на играчот, но постои голема можност Погба следното лето да си замине од „Олд Трафорд“ како слободен агент.