Дома Фудбал Англија Погба го обвини Манчестер Јунајтед за заминувањето

Погба го обвини Манчестер Јунајтед за заминувањето

Пол Погба го обвини Манчестер Јунајтед дека е виновен за неговото заминување. Неговиот договор истекува овој месец и тој ќе замине од клубот како слободен агент.

На интернет денес се објави документарната серија „The Pogmentary“, посветена на францускиот играч. Во серијата Погба вели: „Сакам да му покажам на Манчестер Јунајтед дека згрешиле откако одложија да ми понудат нов договор. Сакам да им покажам на другите клубови дека Манчестер Јунајтед направи грешка откако не ми понуди договор“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во интерес на вистината, сепак, од „Олд Трафорд“ два пати му понудија продолжување на соработката.

Во документарецот може да се види и поранешниот менаџер на Погба, Мино Раиола, кој неодамна почина.

Во една од сцените – од јули 2021 година, францускиот репрезентативец е снимен за време на одмор во Мајами. Двајцата го имаат следниов телефонски разговор:

Раиола: Пол, твојата ситуација е многу посебна. Немаш поим, немаш…

Погба: Дали дадоа втора понуда од Манчестер?

Раиола: Да, тие навистина сакаат да останеш. Но, според мене понудата не одговара на нивните желби. Ако сакаат да те задржат, нема да даваат таква понуда. Ќе ги натерам да разберат дека ако навистина сакаат да продолжиш таму и да го изградат нивниот проект околу тебе, овој пат ќе мора да постапат поинаку и да ги стават парите на маса.

Погба: Блефираат. Како можете да му кажете на играчот дека навистина го сакаш, а во исто време да не му понудиш ништо? Никогаш не сум видел нешто слично.

На крајот, двете страни не се договорија, па Погба ќе замине како слободен агент и кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …