Дома Фудбал Повредата на Карвахал е сериозна: Еве колку време ќе паузира!

Повредата на Карвахал е сериозна: Еве колку време ќе паузира!

Реал Мадрид денес потврди дека дефанзивецот Дани Карвахал заработил повреда на мечот со ЦСКА Москва во Лигата на шампиони.

Карвахал го започна мечот како стартер, но во 42-та минута заработи повреда и го напушти теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Деталните прегледи покажаа дека повредата е посериозна отколку што се мислеше првично, па Реал потврди дека играчот има проблем со мускулот на десната нога.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Карвахал ќе биде надвор од терените 6 до 8 недели, а тоа сигурно ќе биде голем удар за Лопетеги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете како Донарума збаесна по киксот на Манчестер сити (Видео)

Џанлуиџи Донарума ги загуби нервите по фрустративното реми на Манчестер Сити без голови пр…