Дома Останати Поволен ждреб за Ѓоковиќ на УС Опен

Поволен ждреб за Ѓоковиќ на УС Опен

Организаторите на УС Опен го објавија ждребот за последниот гренслем турнир во сезоната.

Српскиот тенисер и бранител на титулата, Новак Ѓоковиќ, е поставен како втор носител и во првото коло ќе игра против квалификант.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Првиот носител на турнирот, Јаник Синер е на страната заедно со третиот Карлос Алкараз, а таму се и Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Од страната на Новак Ѓоковиќ е Александар Зверев, како и тенисери како Каспер Руд и Холгар Руне.

Во второто коло, Ѓоковиќ го очекува победникот од натпреварот меѓу Ласло Ѓере и Ленард Штруф.

Во третото коло, негов потенцијален противник би можел да биде освојувачот на Мастерсот во Монтреал, Алексеј Попирин, а во осминафиналето Бен Шелтон или Франсис Тијафо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

По осум години: Ана Ивановиќ се враќа на терените!

Легендарната српска тенисерка Ана Ивановиќ одлучи да се врати на тениските терени и од 17-…