Дома Фудбал Останато Повлечени сите обвиненија кон Нејмар

Повлечени сите обвиненија кон Нејмар

Шпанското обвинителство ги повлече обвиненијата кон Нејмар по делото за измама за неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година.

Бразилската ѕвезда даде исказ пред две недели. Тој изјави дека не се сеќава дека учествувал во преговорите кои доведоа до договор со Барселона во 2011 година, две години пред неговиот трансфер на „Камп Ноу“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ова е сериозен пресврт во позицијата на обвинителството кое бараше пресуда од 2 години затвор и казна од 10 милиони евра, а сега го повлече обвинението.

Тоа става крај на долгогодишната сага поврзана со трансферот на Нејмар, а под обвинение беа и родителите на Нејмар и компанијата која ги имаше неговите финансиски права.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанците тврдат: Човекот кој може да го наследи Алонсо вчера бил на „Бернабеу”!

Реал Мадрид синоќа претрпе уште еден пораз на домашен терен, оваа пат од Манчестер Сити во…