Дома Трансфер зона Повеќе нема дилема – Санчез го одбра новиот клуб!

Повеќе нема дилема – Санчез го одбра новиот клуб!

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез ќе го напушти Арсенал во текот на летото следната година.

Овој 29-годишен играч долго време се поврзува со заминување од клубот. Во текот на летото беше на чекор од трансфер во Манчестер Сити, но Арсенал одлучи да ја одбие понудата од 60 милиони фунти. Сигурно е дека Алексис ќе ја заврши сезоната на „Емирати“. Од продажба во јануари нема да има ништо, но Чилеанецот како слободен играч ќе го напушти клубот следното лето.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека одличниот напаѓач го одбрал клубот. На масата имал понуди од Реал Мадрид и Манчестер Сити, но тој веќе се договорил со „Граѓаните“ и ќе ги засили редовите на овој тим. Тој го одбра Сити пред Реал. „Кралевите“ исто така беа многу блиску до договор со него, но на крајот тимот од „Етихад“ испрати понуда, па Санчез од следната сезона ќе го гледаме во тимот на Пеп Гвардиола.

Алексис Санчез во Арсенал пристигна во 2014. година од Барселона. Платен е повеќе од 42 милиони евра, а во текот на последните три години во тимот од Лондон, постигна 73 гола во 147 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета сака тандем од 80 милиони евра?

Шпанскиот стратег Микел Артета смета дека му недостасуваат уште засилувања, а според после…