Meѓународната тениска федерација (ИТФ) официјално соопшти дека ќе дојде до големи промени на Дејвис купот.
ИТФ обајви дека договорил соработка со компанијата „Космос“ – договорот е потпишан на 25 години и вреден е три милијарди долари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Основач и претседател на инвестиционата група е дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, а компанија е поддржана од страна на Хироши Микитани, извршниот директор на „Ракутен“.
Управата на ИТФ едногласно одлучи да креира нов голем турнир кој ќе се одржи на крајот од години – Светско екипно првенство тенис.
Натпреварувањето е предвидено да се одржи во ноември и да се игра нешто повеќе од седум дена. На него би учествувале 18 репрезентации кои ќе бидат поделени во неколку групи (се уште не е прецизириано во колку).
После групната фаза би следела елимининационен дуел (четвртфинале), а би се играле два сингл и еден дабл, на два добиени сета. Сигурни учесници би биле селекциите од Светската група (16) додека две би биле дополнително избрани.
Иначе голем поддржувач на овој план е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Некогаш најдобриот играч во светот неколку пати јавно нагласуваше дека се потребни промени во Дејвис купот. Меѓутоа во минатото немаше голема поддршка.
Со појавата на компанијата „Космос“ и Жерар Пике се создаде можност за такво нешто.
I’m so excited to announce this historic partnership with the @ITF_Tennis ➡️ https://t.co/Wk6JeCZ928 pic.twitter.com/PkRuRhzqmu
— Gerard Piqué (@3gerardpique) February 26, 2018