Во таборот на Победа очекуваат прв овосезонски триумф над Македонија со кој би биле на чекор до директен опстанок.
Во финишот на првенството прилепска Победа е во најдобра форма од 12-тте прволигаши. Ако се анализираат последните 5 кола Победа има 4 победи и само еден пораз, резултати кои клубот го издигнаа место погоре на прволигашката табела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Победа, Давор Талески, кој брани во репрезентативна форма вели дека сега е вистински момен за победа над Македонија ЃП.
„Како што изјавив во неколку наврати претходно додека има теоретски шанси ние ќе се бориме и за директен опстанок. Покажавме дека сме најдобри кога е најпотребно, така да сега се е во наши раце. Тоа значи дека до крајот на првенството има уште 3 натпревари и се надевам на 3 позитивни резултати. Време е за победа против Македонија Ѓ.П.! Нема калкулирање одиме на победа! Иако Македонија Ѓ.П веќе е во Втората лига не смееме да ги потцениме. Имаат млади фудбалери кои знаат да играат добар фудбал, но ние се спремаме за нови 3 бода. Самодовербата и мотивот се на највисоко ниво и со максимално ангажирање на моите соиграчи и подршка од нашите навивачи победата не смее да биде доведена во прашање“, истакна Талески.
Свесен за тоа тој одлично ја заврши работата и пролетва брани во одлична форма. Фактот дека е најмлад чувар на мрежата во Првата лига, а згора на тоа и капитен, зборува за довербата што му е дадена но и фактот дека тој максимално ја оправдал.
Со своите одбрани (419 минути е без примен гол на мечевите во Прилеп) серизно ја наметнува својата кандидатура и не би било неоправдано туку напротив и сосема заслужено да се најде на списокот на селекторот на младата репрезентација Благоја Милевски за настап на престојното Европско првенство во Полска.