Денес беа одиграни натпреварите од 34-тото коло во македонската прва лига.
Тимот на Шкендија на гостински терен однесе убедлив триумф против Победа од 1:4. Зејнлуаи ја доведе Шкендија до водство во 10-тата минута, а само две минути подоцна Шефити зголеми на 0:2. Во 17-тата Ефремов намали на 1:2, а во финишот Шкендија со вториот гол на Шефити зголеми на 1:3. Во второто полувреме Бериша ги постави конечните 1:4.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Силекс во борбата за опстанок освои важни бодови против Вардар со триумф од 1:0. Единствениот гол на овој натпревар го постигна Георгиев од пенал.
Работнички со 2:0 беше подобар од Македониа ЃП, дека Шкупи против Беласица и Ренова против Академија Пандев одиграа реми 2:2 и 1:1.