Јувентус синоќа доживеа тежок пораз од Фиорентина на домашен терен (0:3), прв во Серија А оваа сезона.
Пирло после натпреварот истакна дека погрешен бил пристапот кон натпреварот и призна дека сега Милан и Интер се фаворити за Скудетото.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Со погрешен став влеговме во натпреварот. Кога на таков начин ќе влезеш во натпревар, неизбежни се вакви работи. Вакви работи се случуваат пред Божик, кога ќе почнеш да размислуваш каде ќе заминеш на одмор. Бевме деконцентрирани, нормално е што сме поразени. Сега ќе одиме на одмор, ќе ги „наполниме батериите“, а потоа можеме да анализираме какви грешки правевме во првиот дел од сезоната“, истакна Пирло.
„Чувствуваме дека сме јаки, но ако сега Милан и Интер се пред нас, тоа значи дека до сега тие биле подобри. Не можеме да се лажеме, тие сега се фаворити за титулата“, додаде Пирло.