Дома Фудбал Англија Пипо Инзаги после многу години му одговори на Фергусон за изјавата дека е роден во офсајд

Пипо Инзаги после многу години му одговори на Фергусон за изјавата дека е роден во офсајд

Легендарниот Пипо Инзаги стана синоним за играње на линијата на офсајд и прашање е каква би била неговата кариера во ерата на ВАР.

Пипо беше еден од најдобрите голгетери во Европа, а своевремено Алекс Фергусон даде легендарна изјава дека „Пипо е роден во офсајд“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


После многу години Инзаги во разговор за англиските медиуми му одговори на Фергусон.

„Да, знам за тој коментар на Фергусон. На среќа роден сум едно метро пред офсајд линијата, во спротивно не би постигнал толку голови“, се пошегува Инзаги.

„Шегата на страна. Играње на линијата на офсајд е моја типична карактеристика, нешто што постојано го користев. Се обидував да с кријан на линијата на офсајд и така да напаѓам. Тоа воопшто не е лесно, а Фергусон го знае тоа бидејќи многу пати играв против неговиот Јунајтед“, изјави Пипо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …