Дома Фудбал Италија Пиоли: Пред една недела сите зборуваа дека сме мртви

Пиоли: Пред една недела сите зборуваа дека сме мртви

Милан синоќа го декласира Торино на гостувањето со 0:7 и сега е само на чекор до пласман од Лигата на шампиони.

Пред само три дена „росонерите“ остварија и голема победа против Јувентус, па Пиоли потсети на критиките кон неговиот тим до пред само една недела.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Имавме две тешки гостувања и се претставивме одлично. Тимот даде важен сигнал. Се уште ништо не е готово бидејќи ни треба уште една победа, па сите мислиме на следниот меч“, изјави Пиоли.

„До пред само една недела сите зборуваа дека Милан е скоро мртов, а сега судбината е во наши раце. Имаме максимална поддршка од раководството и атмосферата во Миланело е перфетна. Ние сме многу млад тим, но покажавме дека сме многу силни на психолошки план“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Шкупи незадоволни од раководството!

Eкипата на Шкупи ова лето доведе неколку засилувања, но тоа беа фудбалери од нисколигашки …