Дома Фудбал Италија Пиоли: Победа на Интер ќе ни донесе ентузијазам

Пиоли: Победа на Интер ќе ни донесе ентузијазам

Утре на програмата е големата миланско дерби, а тренерот на „росонерите“ е задоволен во каква форма неговиот тим ќе влезе во дербито.

„Милан има свој идентитет и начин на игра. Задоволен сум од тоа во каква ситуација се наоѓаме, очекував да влеземе во дербито со три победи. Ќе излеземе на теренот со самодоверба, но со респект кон противникот. Победа против Интер ќе ни донесе ентузијазам и поголема самодоверба“, изјави Пиоли.

„Знаеме дека ќе биде тежок меч, ние сме во добра форма, но и противникот исто така. Интер е еден од главните кандидати за Скудетото. Нашиот пат започна пред една година и растеме од ден на ден. Ибра се чувствува одлично, како и секогаш тој живее за вакви натпревари“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…