Дома Фудбал Лига на шампиони Пиоли му одржал лекција на главниот судија по натпреварот со Челзи

Пиоли му одржал лекција на главниот судија по натпреварот со Челзи

Фудбалерите на Милан вчера на домашен терен беа поразени со 0:2 во една од дерби средбите во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Натпреварот како што се покажа беше решен во 18. минута кога Милан остана со играч помалку после црвениот картон на Томори. Во таа ситуација беше досуден и пенал за гостинскиот тим. Пеналот го реализираше Жоржињо, а подоцна конечните 0:2 ги постави Обамејанг.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не беше задоволен од начинот на кој Даниел Сиеберт го водеше натпреварот. Сиеберт од самиот старт престрого делеше картони и скоро секој прекршок го „казнуваше“ со жоилт картон. Натпреварот заврши со девет жолти картони и еден црвен.

„Му кажав на судијата што мислам за него. Не зборувам најдобро англиски, но сигурен сум дека знае што му кажав. Нема тука да зборувам за тоа“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …