Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Пикси се жали на повредите, Митровиќ на глупавите голови

Пикси се жали на повредите, Митровиќ на глупавите голови

Српската репрезентација доживеа шок на Мундијалот и испушти два гола предност против Камерун.

Србија имаше предност од 3:1, но дозволи Камерун да се врати во мечот со два брзи гола. Селекторот Пикси изјави дека е фрустриран, но се жалеше на повредите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Имавме денес повторно проблем, два централни дефанзивци ни бараа измени, Вељковиќ и Павловиќ, па моравме да реагираме. Немаме среќа со тие повреди, здравствениот билтен не загрижува. Фрустрирам сум поради резултатот, играчите навистина сакаа да победат, реагираа одлично, имаше убави акции, посебно за третиот гол. Повторно скапо не чинеа некои грешки, тој втор и трет гол на Камерун, апсолутно непотребно одење напред од последната линија, обид да се направат некои офсајди, што е забрането во врвниот фудбал“, изјави Пикси.

Еден од трагичарите за Србија беше напаѓачот Митровиќ, кој пропушти неколку добри шанси.

„Имавме се во наши раце. Третиот гол го постигнавме на време. Примивме два гола наивно. Мора да ја погледнеме играта, да ја анализираме за да видиме што се случи. Според мене, два многу глупави гола“, изјави Митровиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Гвардиола конечно ја откри вистината за гребаниците: Пијам лекови

Менаџерот на Манчестер Сити на прес-конференција во пресрет на дербито со Манчестер Јунајт…