Дома Луд Спорт Пике се спрема за живот без возачка: На тренинг дојде со велосипед од 10.000 евра! (видео)

Пике се спрема за живот без возачка: На тренинг дојде со велосипед од 10.000 евра! (видео)

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике се спрема на живот без возачка дозвола, па на денешниот тренинг пристигна со електричен велосипед.

Пике во петокот имаше проблеми со сообраќајот откако полицијата го запре и утврди дека неговата возачка е одамна истечена. Поради тоа ѕвездата на Барселона ќе добие жестока казна и најверојатно во следните 6 месеци ќе остане без возачка дозвола.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, за дефанзивецот тоа нема да биде никаков проблем, што го покажа и утринава кога на електричен велосипед се појави на тренинг. Фотографите успеаја да го снимат Пике на улиците на Барселона додека оди на тренинг, а неверојатно делува фактот дека електричниот велосипед го платил дури 10.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…