Дома Фудбал Пике се потсети на големата победа, Касиљас го „закопа“

Пике се потсети на големата победа, Касиљас го „закопа“

На денешен ден пред 11 години Барселона оствари незаборавна победа на Сантијаго Бернабеу. Реал Мадрид беше понижен со резултат 2:6.

Тогаш дресот на Барса како и денеска го носеше Пике. Дефанзивецот беше и стрелец на еден од головите. Тој во 82. минута го матираше Касиљас и го постави конечниот резултат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пике на големиот триумф се потсети на Твитер. Годишницата ја прослави со објава од својот погодок и напиша: „11 години!“ Меѓутоа, Касиљас не остана должен.

Легендарниот голман на Кралевите на Пике му одговори со порака „11+2=13“, алудирајќи на 13. освоени титули на Реал Мадрид во ЛШ. Бројка со која не може да се пофали ниту еден европски клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах има нова тактика за изведување пенали – ќе биде кошмар за голманите (Видео)

Ливерпул се пласираше синоќа во осмина-финалето на ФА Купот бидејќи успеа на свој терен бе…