Жерар Пике како и што се очекуваше и беше најавувано денес стави потпис на нов договор со Барселона.
Долгогодишниот дефанзивец на Барселона и шпанската репрезентација го продолжи договорот со тимот од Каталонија до 2022 година, а во истиот беше вметната и откупна клазула во износ од 500 милиони евра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Пике по потпишувањето на договорот со Барса истакна дека никогаш не ни размислувал за нешто друго, како и дека во неговиот живот постои само еден клуб.
„Се надевам дека тука ќе ја завршам кариерата. Не сум заинтересиран за играње во некој друг клуб. За мене е само Барса или ништо
? Piqué: "I hope to finish my career here. I am not interested in playing for another team. It's Barça or nothing" ?? #Piqué2022 pic.twitter.com/K6pO1I4XcE
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 29, 2018