Фудбалерот на Барселона Жерар Пике ги изненади присутните пред стадионот „Камп Ноу“ кога вчера на натпреварот против Еспањол се појави со велосипед.
Додека сите останати фудбалери вообичаено пристигнаа со своите скапи автомобило Пике ги изненади сите појавувајќи со велосипед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Para los que no habéis pillado el mensaje de Piqué: ha llegado al Camp Nou en una bici de doble suspensión y freno de disco. Es decir, una bici de descenso. pic.twitter.com/JF5xVGJKJY
— Xavi Riera (@xaviriera) July 8, 2020
Меѓутоа не е во прашање обичен велосипед. Станува збор за електричен велосипед вреден 10.000 евра и кој се произведува во во компанијата „Римац“ од Хрватска.
Овој велосипед ви овозможува со полна батерија да поминете до 130 километри, додека полнењето трае само 80 минути.
Интересно е што велосипедот има електричен мотор со 16 коњски сили и со него може да се достигне брзина до 70 километри на час.