Дома Топ вести „Петелот“ од следната сезона ќе пее во Милано

„Петелот“ од следната сезона ќе пее во Милано

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде напаѓачот на Торино, Андреа Белоти.

„Росонерите“ и минатото лето правеа напори да го донесат италијанскиот репрезентативец, но тогаш Торино не сакаше да го продаде напаѓачот за сума помала од 100 милиони евра.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Неговата цена сега драстично падна после слабата сезона на Торино, а особено после слабата сезона на Белоти, кој до сега постигна само 6 гола во Серија А.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Милан не се откажал од „Петелот“ и сака да го донесе како замена за Никола Калиниќ, кој на лето сигурно ќе го напушти „Сан Сиро“.

Белоти исто така инсистира да го облече „црвено-црниот“ дрес, а Милан е спремен за неговиот потпис да плати помеѓу 45 и 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…