Репрезентативецот на Хрватска, Иван Перишиќ е во потрага по нов клуб, а според последните информација следна дестинација може да биде Холандија.
Се поврзуваше Перишиќ со Комо и Монца, но на крајот од тие опции ништо не излезе. Последните информации говорат дека ПСВ е заинтересиран за неговите услуги и трансферот би можел да се комплетира во наредните неколку дена.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
ПСВ сака да го зголеми ростерот на тимот бидејќи се натпреварува во Лигата на шампионите. Ако Перишиќ пристигне во првиот дел би бил конкурентен за настап само во холандското првенство бидејќи екипите за настап во УЕФА веќе се пријавени.