Дома Трансфер зона Перишиќ уште во јануари го прави сензационалниот трансфер?

Перишиќ уште во јануари го прави сензационалниот трансфер?

Најавата за трансфер на Иван Перишиќ во Хајдук повторно е актуелна. Хрбатот уште во јануари би можел да го напушти Тотенхем и да се пресели во татковината.

Според новинарот Аласдаир Голд од „Фудбал Лондон“, Перишиќ размислува за таков чекор. Преодниот рок во Хрватска започнува на 18-ти јануари ќе трае до 15-ти февруари.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Неодамна тренерот на Тотенхем Постекоглу порача дека клубот нема намера да му стои на патот на Перишиќ, но најави и дека веројатно тој веќе го одиграл последниот натпревар за Тотенхем.

Дресот на Тотенхем, Перишиќ го носеше на 50 натпревари во кои постигна еден гол и подели 14 асистенции. Во овој момент тој е на рехабилитација по операцијата од тешката повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено кон средината на септември 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …