Дома Фудбал Останато Пепе на поранешниот соиграч од Реал му понудил 600.000 евра: Само победете ги!

Пепе на поранешниот соиграч од Реал му понудил 600.000 евра: Само победете ги!

Бенфика и Порто водат голема борба за титулата шампион на Португалија.

На две кола пред крајот Бенфика има два бода предност во однос на големиот ривал, а во недела двата тима ќе имаат тешки гостувања.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Порто ќе игра против тимот на Национал, додека Бенфика патува на натпревар против Рио Аве и тој натпревар може да биде одлучувачки во трката за шампионската титула.

Фудбалерот на Порто, Пепе одлучил да им плати на играчите на Рио Аве за да ја срушат Бенфика. Тој на поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Фабио Коентрао кој го носи дресот на Рио Аве му понудил 600.000 евра за да ја победат Бенфика.

До документите во кои се гледа дека Пеп јасно им ветил дека ќе им ја исплати оваа сума дојде и полицијата. Сепак, ваквиот вид мотивација не е дозволен и не е познато дали Пепе парите ги ветил само на Коентрао или на целиот тим.

Веројатно се работи за втората опција со тоа што Коентрао ќе има должност максимално да ги мотивира своите соиграчи за да ја срушат Бенфика.
Интересно е што Порто токму против Рио Аве направи кикс кој на крајот може да го плати со титулата во Португалија.

Останува да видиме дали парите на Пепе ќе бидат доволна мотивација за играчите на Рио Аве да и застанат на патот на Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…