Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, екипата на Пелистер, успеа да се избори за нофо финале каде ќе ги одмери силите против Шкендија.
Битолчани преку изведување на пенали ја алиминира Академија Пандев, откако на гости отпатуваа со предност од 2:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пелистерци поведоа со гол на Марковски во 62-та минута, но Академија Пандев успеа да го сврти мечот и со погодоци на Атанасов и Крстовски дојде до победа од идентични 2-1.
Во пенал серијата Академија Пандев имаше две меч топки кои не успеа да ги искористи, а сето тоа го казни Пелистер, кој на голот го имаше феноменалниот Петровски.