Дома Македонски спорт Мак фудбал Пелистер е во полуфиналето на Купот: Филип Трајчевски е херојот!

Пелистер е во полуфиналето на Купот: Филип Трајчевски е херојот!

Вардар и Пелистер денес за полуфиналето во Купот на Македонија, а на крајот победникот се решаваше на пенали.

На самиот старт на натпреварот Вардар имаше две добри прилики, потоа Пелистер беше во налет, меѓутоа и на спротивната страна изостана реализацијата. Се играше офанзивно, додека навивачите правеа фантастична атмосфера на трибините.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


До крајот се создадоа уште неколку прилики и на двете страни, на моменти голманите се истакнува, а во некои прилики фудбалерите не беа прецизни.

Второто полувреме донесе помирна игра и на двете страни, немаше толку прилики за гол, па се пристапи кон изведувањето пенали.

Голманот Филип Трајчевски беше вистински херој на битолскиот тим, одбрани два пенали и така го одведе Пелистер во полуфиналето.

Фото: Димитар Петковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Пред 20 години стана легенда на ЦСКА Москва, а денеска се повлече од фудбалот (Видео)

Кога ќе бидеш еден од најзаслужните за европскиот трофеј во историјата на ЦСКА Москва, тог…